Чекор напред во приближување на Северна Македонија кон ЕУ

0
217

Австрискиот канцелар Себастијан Курц минатата ноќ ја поздрави одлуката на македонскиот парламент за прифаќање на договор за спогодба со Грција за името на државата.

Курц, преку Твитер, истакна дека прифаќањето на промената на Уставот е многу охрабрувачка одлука. Тој истакна дека ова е огромен чекор напред во процесот на приближување на Република Северна Македонија кон Европската унија (ЕУ).
Тој изрази надеж дека ова ќе биде позитивен сигнал за целиот регион.
“ЕУ не е целосна додека сите земји од Западен Балкан немаат пристап до тоа”, рекол Курц.

Австрискиот министер за европски прашања, Гернот Блимел, му честиташе на македонскиот премиер Зоран Заев за неговиот голем успех.

“Тоа е силен сигнал за целиот регион. Се надеваме на брзо ратификување од страна на Грција “, истакнал Блимел.

Според него, европската перспектива е најдобриот поттик за реформите на Балканот.
Тој истакна дека е важно ЕУ да го задржи ветувањето и да ги започне преговорите за пристап со Скопје во јуни.