(Видео) Четири лица загина во експлозија во центарот на Париз

0
192

Четири лица, меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа при експлозија на гас во пекара во Париз, потврдија официјалните претставници.

Експлозијата се случила околу 9 часот наутро во пекарница Хуберт, која се наоѓа во улицата Ру де Тревис, а причината е истекување на гас.

Полицијата претходно објави дека 20 лица биле повредени во експлозијата, од кои девет биле сериозно повредени.

Пожарникарите се упатиле кон адресата по истекување на гас, а експлозијата се случила пред да стигнат до пекарницата.

Експлозијата оштетила голем дел од станбената зграда, како и паркирани автомобили во близина, објави Klix.