Повикувајќи се на “шокантни хуманитарни злоупотреби”, кои се извршени над Рохингја муслиманите во Мјанмар, властите на градот Лондон настојуваат да и го одземаат признанието кое и` е доделено на државниот советник во Мјанмар Аунг Сан
Су Кји, јавува агенцијата Анадолу (АА).
Членови на управното тело на градот Лондон (City of London Corporation) во четвртокот, покренале постапка за одземање на почесната награда за слобода на Су Кји која и била доделана во 2017 година.
Су Кји, добитник на Нобеловата награда за мир во 1991 година, обвинета е за соучество во етничкото чистење на населението Рохингја. Нејзиното молчење во однос ова прашање предизвика остри критики низ целиот свет.
– Корпорација на градот Лондон ги осудува шокантните хуманитарни злоупотреби кој се спроведуваат во Мјанмар, и веќе истата и` напишала на амбасадорот на Бурма тоа изрази длабока загриженост во врска со сегашната ситуација во таа земја – објави раководството на градот Лондон.
Во соопштението се наведува дека ќе ја известат Су Кји за својата намера и дека ќе го разгледаат нејзиниот одговор, а потоа ќе донесат конечна одлука.
Настаните кои се драма на Рохингја муслиманите кои станаа центар на јавноста во светот се случија на 25 август минатата година. Под плаштот на борба против милитантните напади врз полициски места, армија на Мјанмар и Будистичките милитанти започнаа брутален напад врз Рохинџиите каде свирепо беа убиени повеќе од 24.000 членови на ова малцинство.
Нападите се претворија во класична форма на етничко чистење а мјанмарската армијата запали стотици муслимански села. Од овој регион има повеќе од 750.000 муслимани кои пребегнаа во соседен Бангладеш.
Обединетите нации и меѓународните организации за човекови права насилството врз Рохинја муслиманите од Аракан го нарекува етничко чистење или геноцид.











