Трагедија во Банско: Лавина затрупа двајца сноубордисти

0
214

Трагедија се случи утрово во познатиот ски центар Банско во соседна Бугарија. Во снежна лавина загинале двајца сноубордисти, од кои едниот според бугарските медиуми, загинал на самото место, додека другиот бил извлечен од затрупаниот снег, по што им подлегнал на повредите.

Како што јавуваат бугарските медиуми, лавината се случила денеска околу 12 часот, а претходно веќе имало издадено предупредување за можна лавина.

Сноубордистите се спуштале надвор од обележаните скијачки патеки, а се смета дека самите ја предизвикале лавината што ги затрупала. Нивните тела биле пронајдени на патеката „Тодорка“, на место што е популарно за екстремни скијачи, на кое често пати има слични инциденти. Планинските служби за спасување била известена за инцидентот во 11 часот и веднаш интервенирала со патрола со кучиња душкала, при што биле пронајдени телата на сноубордистите, но нивниот идентитет не можел да биде утврден зашто со себе не носеле легитимации.

Според првичните неофицијални инфромации, загинатите туристи се грчки државјани.

Извор:НоваТВ