Маки за Баерн: Заради повреда Рибери на неодредено време надвор од теренот

by Administrator

Французинот кој се наоѓа на тренинг во Доха, каде Баерн се подготвува за вториот дел од сезоната, се здоби со повреда на бутниот мускул и заради тоа ќе мора да помине извесно време надвор од теренот.

“Рибери го скинал мускулот во десниот бедро за време на тренинзите во средата вечер и ќе остане надвор од теренот до понатамошно известување”, стои во соопштението на Баерн.

Овој искусен офанзивец во изминатите полусезони беше повеќе или помалку стандарден во првата позиција на Баерн, а ова е и неговата последна сезона во Минхен, бидејќи не го продолжи договорот.

Рибери на Алијанц арена играше од 2007 година и одигра повеќе од 400 натпревари во дресот на Баерн, постигнувајќи 122 гола со 180 асистенции, што представуваат импресивни бројки.

You may also like