Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека се ближи крајот на припадниците на терористичката организација ФЕТО во Турција и пошироко, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги повикувам припадниците на ФЕТО во и надвор од нашата земја. Вашиот крај се ближи. Нема каде да одите, никаков чекор да преземете“, изјави Ердоган на симпозиумот за локалните власти во новиот претседателски систем.
Ердоган изјави дека лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, кој престојува во САД, во Турција ќе дојде порано или подоцна.
„Не знам до кога оние кои стоеја зад ФЕТО (водачот Ѓулен) ќе продолжат да го поддржуваат, но тој порано или подоцна ќе дојде тука [во Турција]“, рече тој.
Турскиот претседател изјави дека Турција ќе ги следи членовите на ФЕТО, се додека нема да постои место во светот каде што ќе можат да се сокријат.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, одговорни се за неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.










