Австрија /Илјадници луѓе заробени, настрадало и девојче: Можен снег и до 2 метри

0
285

Делови од Алпите во Австрија и Германија парализирани се од големи количини на снег, а неколку илјадници луѓе биле отсечени.

Магазинот Bild пишува дека засега во Австрија и Германија починале најмалку девет лица.

Предупредувањето за лавина се зголеми на четвртото ниво, што значи голема опасност. Дури и мали вибрации и нешто свеж снег можат да предизвикаат катастрофа. Во делови на Баварија, прогласена била природна катастрофа.

Austria Avalanche: How much more snow will fall? HUGE snowstorm hits Austria and Germany

Меѓу жртвите се и мајка (38) и нејзината осумгодишна ќерка од Италија, кои настрадале во Јужен Тирол. Според објавените информации, семејството не ги разбрало предупредувањата на германскиот јазик и и со зимски санки се судриле во дрво. Девојчето умрело и нејзината мајка завршила во кома.

Austria Avalanche: How much more snow will fall? HUGE snowstorm hits Austria and Germany

Меѓу загинатите биле уште еден скијач (26), турист (45), германски планинар (20), словенечки скијач (35), швајцарски сноубордер на снег (24) и два австриски планинари (23, 28).