„Наскоро ќе направиме чекори за неутрализирање на терористичките организации во Сирија”

0
169

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави: „Наскоро ќе направиме чекори за неутрализирање на терористичките организации во Сирија. Ако постојат други терористи кои ќе се обидат да ја спречат нашата интервенција, ќе биде наша должност да им го дадеме тоа што го заслужуваат.“

„Наскоро ќе направиме чекори за неутрализирање на терористичките организации во Сирија"

„Благодарение на нашите храбри војници коишто го згаснаа балонот ДЕАШ, Сирија забрзано влезе во процес на спас од оваа неволја. За нас, воопшто не е прифатлива пораката што Болтон ја даде во Израел“, рече турскиот претседател.

„Лагата дека Турција во Сирија е насочена кон Курдите е најподла, нечесна, најгрда, најбанална клевета“, истакна Ердоган.

Осврнувајќи се на протестите на жолтите елеци во Франција, претседателот Ердоган истакна: „Меѓу жолтите елеци во Франција има и ПКК. Се прашувам дали го истражија тоа, дали го испитаа тоа? Ние го знаеме тоа. Утре истото ќе се случи и во останатите држави.“