ДИПЛОМАТИЈА / Ердоган ќе патува за Москва. Осма средба со Путин за само 13 месеци

0
285

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе ја посети Русија во јануари, каде што ќе разговара со Владимир Путин.

Како јавува турска агенција, лидерите ќе разговараат за широк спектар на прашања, вклучувајќи ја ситуацијата во Сирија и купувањето на S-400 системот.

Агенцијата Анадолија потсетува дека минатата година Ердоган и Путин имале седум состаноци и 18 пати разговараа по телефон.

На крајот на декември 2018 година, членовите на турската делегација, составена од министри за надворешни работи и одбрана, се состанаа во Москва со руските колеги.
Тие разговараа за ситуацијата во Сирија и повлекувањето на американските сили од таа арапска држава.

По завршувањето на разговорите, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјавиле дека Анкара има намера да продолжи тесна соработка со Русија и со Сирија.

Извор:РСЕ