Силните врнежи, кои без престанок траат од четвртокот, предизвикаа големи проблеми во многу делови на Австрија.
Во ек на смена и доаѓање на нови туристи, кога голем дел се враќа од скијачките одморалишта во нивните домови, ама и бројни гастарбајтери на одмори во нивните домови во јужна Европа, патиштата се покриени со снег и мраз.
Video: 6 feet of snow has fallen in the last week in parts of Austria. pic.twitter.com/GpAbowoans
— Jeffrey Porter (@JeffreyPorterPM) January 5, 2019
Автопатот Tauernautoban морал привремено да се затвори на територијата на Салцбург со цел да се спроведе, контролирана експлозција за да се отстрани опасноста од лавини.
Аеродромот во Инсбрук е речиси целосно затворен од саботата а летовите се откажани.
Многу места што биле отсечени од остатокот на Австрија биле погодени од огромното количество снег.

Многу лавини ги загрозуваат скијачките центри, така во Салцбург, една лавина покрила група на скијачи, кои, за вистинско чудо, преживеаја.
Градоначалникот Вили Валинџер, во местото Санкт Коломан, ги повикал граѓаните да останат во своите домови, бидејќи се заканува опасност од лавини.
И Австрискиот канцелар Себастијан Курц, исто така на сопствена кожа го почувствува проблемот со снегот, бидејќи во моментов живее во Гросарлтал.
Во саботата вечерта, тој планирал да учествува на партиски митинг во близина на местото на одмор, но тоа морал да го откаже заради снег.

Канцеларот им се обратил на граѓаните преку Фејсбук, особено на оние кои се несебично ангажирани да им помагаат на луѓето чии места се покриени со снег и отсечени од остатокот од земјата.
Извор:cdm










