Портпаролот на турското Претседателство Ибрахим Калин денес во АНкара истакна дека е сосема ирационално тврдењето дека Турција за цел ги зема Курдите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сосема е надвор од ум тврдењето дека Турција за цел ги зема Курдите. Цели на Турција се терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД/ЈПГ“, нагласи Калин.
„Тврдењата дека една терористичка организација ги претставува Курдите, пред сѐ претставуваат непочитување кон нашите курдски браќа“, додаде Калин.










