Рибери, пред неколку денови од одмор во Дубаи каде што уживал во храната на еден од најпознатите готвачи на светот, Нусрет Гокче. Рибери нарачал скап бифтек обвиткан во злато од 24 карати и кој и чини 1200 евра.
Веднаш после објавувањето на неговиот пост на инстаграм, тој се нашол на мета на голем број на навивачи и новинари кои започнаа да го критикуваат неговиот животен стил, а тој користејќи се со пцовки и навреди ги нападнал “љубоморни луѓе”, “хатерите” и медиумите.
“Вам не ви должам ништо. За мојот успех благодарен сум му само на Бога, на себе, на моите роднини и на оние кои веруваа во мене. Остантите се само нечистотија на чорапите.” “Да почнеме со овие љубоморните, лутите и родени заради пукнат кондом. Да ви еб.м мајките, бабите и целото семејно стебло”, напишал Рибери.
Ова однесување на францускиот играч ја шокираше јавноста, а од Баерн веднаш порачаа дека Рибери ќе биде казнет. После сё се огласи и спортскит директор на клубот во Минхен, Хасан Салихамиџиќ, кој потврди дека Баерн жестоко го казн Рибери за несоодветно однесување.
“Рибери е казнет со многу висока казна и ние сме изненадени од неговото однесување. Она што е јасно е дека Баерн никогаш и никогаш нема да толерира вакво однесување”, изјавил Салихамиџиќ.
Сепак, Салихамиџиќ не открил повеќе детали, туку изјавил дека станува збор за казна со “голем износ“.
“Долго разговарав со Франк и му соопштив дека е остро казнет. А, тој казната ја прифати“, додал Салихамиџиќ
Салихамиџиќ рекол дека Рибери со своето семејство бил поканет во ресторан додека бил на одмор во Дубаи и дека не го платил сам тоа екстравагантно и скапо јадење.
Тој додаде дека играчот имал право да се брани, но “за жал ги користел погрешните зборови”.
Договорот на овој 35-годишен играч на Баерн истекува на крајот од сезоната.











