Илјадници Унгарци на улиците на Будимпешта протестираат против законот за прекувремена работа

0
174

Најмалку 10.000 луѓе протестираа пред унгарскиот парламент во Будимпешта заради новиот закон за работни односи кој им овозможува на работодавците од работниците да бараат 400 часа прекувремена работа годишно.

Синдикалните лидери повикаа на протести и штрајкови низ целата земја на 19 јануари, со цел да се спротивстават на законот за работни односи, усвоен во декември, за кој велат дека е робовски за работниците.
Претседателот на Федерацијата на унгарски синдикати Ласло Крдаш изјавил дека ќе поднесе барања до премиерот Виктор Орбан и ќе стапи во штрајк ако владата ги одбие преговорите.

Меѓу барањата се зголемувањето на платите и воведувањето на пофлексибилен пензиски систем.

Владиниот портпарол Иштван Холик ги повторил претходните тврдења на унгарските власти дека американскиот милијардер од Унгарија, Џорџ Сорос, финансира протести поради промените на законите за работни односи.