ПАРИЗ: Повторно протест на Жолтите елеци, полицијата употребила солзавец

0
295

Припадници на полицијата и движењето Жолти елеци се судрија на улиците на Париз, објави агенцијата Франс прес.

Протестите започнале мирно, но во близина на бреговите на реката Сена и градското собрание, демонстрантите започнале да ги гаѓаат полицајците, кои веднаш после одговориле со солзавец во толпата.

По судирите со демонстрантите, полицијата исто така ги мобилизирала и единиците за сузбивање на демонстранти.

Жолтите елеци повторно повикаа на нови протести низ Франција, пред градските згради во Париз, Лион, Бордо, Тулуз, Ница, Безансон и Клермон-Феран.

На Фејсбук беше објавено дека на протестот ќе биде прочитано отворено писмо, кое пред два дена беше испратено до францускиот претседател Емануел Макрон.

Писмото го најави продолжувањето на протестите, додека не се намалат даноците за граѓаните и намалат платите на високите државни службеници.

Движењето кое спонтано се појави на социјалните мрежи протестира од 17 ноември заради државната политика.

Денешниот собир е прв после новогодишна пауза, а Жолтите елеци се надеваат дека многу од Французите ќе реагираат.

Извор:cdm