Најмалку пет морнари се водат за исчезнати и се осомничени за убиство во пожар што избувна на товарен брод насреде Пацификот. Товарниот брод кој превезувал околу 3.500 возила од непознати причини се запалил на околу 3.200 километри од Хаваи. Екипажот го напуштил бродот.

На помош на товарниот брод “Sincerity Ace” пристигнале пет бродови кои се затекнале во близина и спасиле 16 членови на екипажот, објави АП.

Продолжувањето на спасувачката операција е под знак прашање, бидејќи бродот се наоѓа многу далеку од опсегот на хеликоптери и бродови на крајбрежната стража, која на помош им испратила два големи авиони – ХЦ-130 “Херкулес” и П-8 “орија”.

Сè уште не е јасно како загинале пет морнари, ама екипажите на бродовите кои пристигнале на помош за да му помогнат на јапонски товарен брод објави дека еден од спасувачките бродови се распаднал, а исто така забелжале дека четири тела лебдат на површината.

“Sincerity Ace” може да носи дури 6.500 автомобили и е изградена во 2009 година.

Извор:cdm