На еден ден пред Новата година, вниманието на охриѓани и гостите го привлече транспортот на голем брод во централното градско подрачје.
Станува збор за бродот „Будимпешта“, кој е хидро-бус кој ќе може да пренесува околу 150 патници.
Во моментов тој е на неговата моментална дестинација, во малиот сервисен крак на каналот „Студенчишта“, каде врз него треба да се извршат потребните интервенции за да може соодветно да се користи.
Неофицијално, бродот е во сопственост на туристичка агенција од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес










