ММА/ Првиот човек на УФЦ потврди: Нурмагомедов и Мекгрегор повторно во кафез

0
476

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, убеден е дека реванш борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор ќе се одржи оваа година, објави “Дејли мејл”, вест која со нетрпение ја очекуваа фановите на ММА.

Непобедливиот Дегестанец го совлада Мекгрегор во четвртиот круг од нивната УФЦ борба лесна категорија и на тој начин останува непоразен во својата кариера како професионален борец долга 27 борби.

Мекгрегор, по четврти пат во својата 25-ти кариера, мораше да признае дека неговиот противник е подобар, но повеќе од долгоочекуваната битка, се разговарало за она што се случи после неа.

“Мислам дека многу би сакале да ја видат оваа борба. Ќе видиме каков ќе биде расплетот. Верувам дека борбата може да дојде оваа година, тоа ќе зависи од тоа колку долго ќе биде суспензијата, но ако сè е во ред, таа ќе се одржи “, изјавил Вајт.

Масовната борба на борците со придружниот персонал на ривалските тимови доведоа до тоа двајцата да добијат суспензија од Спортската комисија на Невада и пред да се потврди точниот термин на нивната одмазда.

Комисијата ќе мора да го направи својот дел од работата. Расправата ќе се одржи овој месец, а казните ќе бидат познати по завршниот аргумент, пренесува Net.hr.