Незапамтен грабеж во Италија: Со ровокопачи отвориле блиндирано возило

0
398

Италијанската полиција соопшти дека крадците кои ограбиле 2,3 милиони евра на автопатот во јужна Италија користеле багери за да го отворат блиндираното возило што транспортирало пари.

Блиндираното возило кое од Бари за Матера пренесувало пари за пензионери, крадците на пат го пресретнале со два шлепери, а потоа со два ровокопачи се користеле како”отворач” за да пристапат до парите кои биле во возилото, објави Ројтерс.

Маскираните разбојници потоа ги запалиле шлеперите и побегнале со пленот од друго возило кое ги чекало.

Полицијата, исто така, соопшти дека ниту еден од тројцата чувари кои биле во блиндираното возило не биле повредени, објави агенцијата.

Извор:cdm