Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ги посети првите новороденчиња во Струга во новата 2019-та година.
Утрово, градоначалникот Мерко, заедно со заменик министерот за здравство Асим Муса го посети Детското одделение во Општата болница во Струга, каде што ги посети и им додели подароци на мајките на првите три новороденчиња родени после полноќ.



Трите новороденчиња се машки и се во одлична здраствена состојба. Градоначалникот Мерко им честита на мајките на трите новореднчиња и им посака многу здравје и долг живот на децата. (Крај)
извор: Општина Струга фото: Општина Струга











