Екипите на „Комунално“- Струга го расчистуваа снегот на кејовите и улиците

0
219

Во текот на вчерашната ноќ и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунално“ од Струга го расчистуваа нападнатиот снег на кејовите и улиците во град Струга.

Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, беше извршено и посолување на пешачките патеки, тротоарите и кејовите.

Image may contain: outdoor

Image may contain: sky and outdoor

Image may contain: sky and outdoor

– Активностите на екипите на ЈП „Комунално“ од Струга ќе продолжат и во текот на вечерните часови со расположивата механизација и човечки ресурси, информираат од струшката локална самоуправа. (Крај)

извор: Ооштина Струга фото: Општина Струга