Солскјер за брзо започна да соборува рекорди на клупата на Манчестер Јунајтед

0
194

По назначувањето како привремен тренер, екипата ја предводеше на четири натпревари и оствари исто толку победи.

Интересно такво нешто досега му успеало на Мету Басби во 1946 година, и знаеме подоцна каква трага тој остави зад себе на клупата на Црвените ѓаволи. Веруваме дека Солскјер би бил воодушевен да се постигне барем половина од неговиот успех.
Инаку, Црвените Ѓаволи во изминатиот период прво победија на гости во Кардиф, а потоа дома во Хадерсфилд и Бурнемут, а потоа и во Њукасл Јунајтед. Она што на навивачите уште им е подраго е тоа што клубот повторно игра офанзивен фудбал и постигнува многу голови.

Во следното коло на Солскјаер го очекува најтешкиот тест досега, бидејќи ќе му гостува кај Тотенхем.