Започна постапката за издавање на Охридското Езеро под концесија

0
197

Започна постапката за доделување концесија за вршење на стопански риболов на двете риболовни подрачја Охридско и Дојранско езеро.

Јавното отворање на понудите од третата постапка се одржа на 24-ти декември минатата година,

– По евалуацијата на понудите ќе се поканат сите понудувачи кои имаат доставено комплетни и прифатливи понуди да учествуваат на електронска аукција. Критериумот за избор и на оваа постапка како и не предходните две е највисокиот понуден концесиски надоместок. До крајот на овој месец се очекува да се склучат договорите, информираат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во консултација со стручните служби од Охрид и институтите, била направена измена во риболовните основи за поголема заштита на рибниот фонд. Од Владата кон средината на минатата година, при носење на одлуката за започнување на постапки за доделување на рибите по пат на концесија за повеќе риболовни води, меѓу кои и за Охридското езеро, информираа дека уредени се специфичните локации за мрест на рибите со посебен акцент на охридската пастрмка, белвицата и крапот.

– Направени се измени во делот на утврдување на периодот на мрест и времето во кое е дозволен риболовот и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за охридската пастрмка, охридската белвица и крапот. Исто така, заради одржување на популацијата намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица. Направени се измени кои ги задоволуваат потребите на рекреативните риболовци, а со тоа и развојот на риболовниот туризам. Значајно е тоа што во оваа постапка за доделување концесија на рибите од риболовната вода Охридско езеро се доделуваат на користење според овие измени, беше наведено во владиното соопштение.

Согласно Законот за рибарство и аквакултура рибите од риболовните води за организирање рекреативен риболов се доделуваат на користење по пат на концесија за период од шест години. Основна цел на доделување на концесијата на рибите е создавање на услови за организирање рекреативен риболов, односно овозможување на вршење заштита и користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин.

Охридското езеро од август минатата година нема концесионер, поради како шт тогаш информира ресорниот министер, неисполнување одредени законски обврски кои треба да ги извршува концесионерот. Од министреството за земјоделство на крајот на декември, иако не се знае сумата, информираа дека за годинава биле издвоени средства за порибување на езерото со личинки на охридска пастрмка, за кое е задолжен Хидробиолошкиот завод од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес