Актерот Марко Николиќ почина денес во својата 73-та година, потврди на социјалните мрежи, неговата ќерка Мина.
Во прилог на заедничка фотографија со нејзиниот татко, таа ја напишала само неговата година на раѓање и смрт.
Марко Николиќ е роден во Краљево на 20 октомври 1946 година. Глума дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Од 1970 година е член на Народниот театар. Тој играл во театар, филм и телевизија.

Телевизиска слава стекнал во ТВ серијата “Подобар живот-Бољи Живот” (1987, 1990), како и улогата на Караѓорѓе, во неколку телевизиски драми и во серијата Вук Караџиќ.











