Во Иран за прв пат една жена сунитка назначена за амбасадорка

0
241

Во Иран за прв пат една жена сунитка е назначена за амбасадорка.

Според веста на иранската државна телевизија, првиот потпретседател на Иран Исхак Џухангири за време на неговата посета на провинцијата Систан и Белуџистан ја претставил кајмакамката на населеното место Касри Кенд Хумејра Риги како „нова амбасадорка на Иран во Брунеи“.

На тој начи, Хумејра Риги која од страна на потпретседателот Џихангири беше окарактеризирана како „успешна државна функционерка“, стана трета жена која е назначена за амбасадорка на Иран по исламската револуција во 1979 година, после назначените амбасадорки Мерзије Афхам во Малезија и Первин Фершџи во Финска.

Освен тоа Хумејра Риги стана и првата жена амбасадорка на Иран, сунитка.

Инаку, Хумејра Риги претходно беше на должност кајмакамка на населеното место Чабахар во провинцијата Систан и Белуџистан, во југоисточниот дел на Иран.