АЛБАНИЈА: Законот стапи на сила, Еди Рама затвори 4.300 кладилници

0
439

Во Албанија од вчера на сила стапи Законот за забрабна за коцкање кој беше усвоен пред неколку месеци во Албанија, и имајќи го во предвид тоа затворени се 4.300 кладилници.

Забраната за коцкање не се однесува само на кафулињата со кладилници, туку и на онлајн обложувања и казината, кои досега можеа да се најдат во близина на училиштата, ама сега на истите ќе им биде дозволено само во хотели со пет ѕвездички надвор од урбаните области.

Во Албанија, обложување беше голем проблем, а статистиката потврдила дека во земја со 2,9 милиони жители, еден коцкар е на 670 жители.

Албанскиот премиер Еди Рама беше под притисок на коцкарското лоби, ама и покрај тоа законот стапи во сила.

Рама, исто така, предупреди за затворање на сите медиуми кои илегално ќе рекламираат казина.