Недостатокот од гориво се заканува да го прекине обезбедувањето на здравствени услуги во Појасот Газа, објави Министерството за здравство во средата, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
“Здравствените услуги наскоро ќе бидат суспендирани заради недостиг на гориво, и покрај мерките за штедење што ги спроведуваат болниците и здравствените центри”, изјавил портпаролот на министерството Ашраф ал-Кидра.
Појасот Газа, во кој живеат повеќе од два милиони луѓе, сѐ уште страда од израелската блокада под која се наоѓа, а од 2006 година има чести недостатоци на електрична енергија.
Електростопанство Појаса Газа во вторникот објави дека единствената електрана произведува само 85 мегавати, додека 120 мегавати се купени од Израел. Според компанијата, на крајбрежната енклава и е потребно околу 560 MW електрична енергија за да ги задоволи потребите на населението.










