Пулишиќ од следната сезона во дресот на Челзи

0
194

Англискиот премиерлигаш Челзи го комплетираше трансферот на американскиот фудбалер со потекло од Хрватска Кристијан Пулишиќ, кој го носеше дресот на германскиот клуб Борусија Дортмунд, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Борусија Дортмунд, 20-годишниот Пулишиќ до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Борусија Дортмунд, а почнувајќи од сезоната 2019/2020 ќе го носи дресот на Челзи.

Пулишиќ во дресот на Борусија Дортмунд одигра 115 официјални натпревари во кои постигна 15 погодоци.