„Вкупно 13 политички партии ќе земат учество на претстојните локални избори во Турција закажани за 31 март“, соопштија денес надлежните власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот изборен совет истакна дека 13 партии би можеле да ги исполнат потребните критериуми.
Турските локални избори се одржуваат на секои пет години за избор на градоначалници на 30 општини на градови и градоначалници на 51 област во Турција.
Се очекува владејачката Партија на правдата и развојот (АК Parti) и Партијата на национално движење (МХП) да ги поддржат меѓусебните кандидати во одредени области, а и главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и Партијата ИЈИ се очекува да го сторат истото.
Партијата АК веќе ги објави своите 74 кандидати, додека ЏХП објави 36 кандидати, Партијата на национално движење (МХП) 34 кандидати и 15 кандидати Партијата ИЈИ.
Партијата АК го номинираше Мехмет Озхасеки, заменик-претседателот на партијата и поранешен министер за животна средина и урбанизам, за градоначалник на главниот град, Анкара, на претстојните избори.
Поранешниот министер за економија, Нихат Зејбекџи, од Партијата АК е номиниран за градоначалник на Измир, додека Бинали Јилдирим, актуелниот претседател на турскиот Парламент и поранешен премиер, ќе влезе во изборната трка за градоначалник на Истанбул.
Во меѓувреме, опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) го предложи Екрем Имамоглу за градоначалник на Истанбул и Мансур Јаваш за градоначалник на Анкара.
Турските локални избори се одржуваат на секои пет години, а избирачите освен градоначалници ќе избираат и членови на советите на општините во градовите и во руралните средини.
Последните локални избори во Турција беа одржани на 30 март 2014 година, на кои Партијата АК доби над 45,5 отсто од гласовите.










