Салах му ја честитал новата година на Ловрен со пораката: “”Happy new year брате”

0
385

Звездата на Ливерпул, Мохамед Салах, Новата година на својот соиграч и хрватски репрезентативец Дејан Ловрен му ја честитал со зборовите: “Среќна Нова Година Брате”, и уште еднаш покажаа дека двајцата се во одлични пријателски односи, пишува Агенцијата Анадолу (АА).

Ловрен често на социјалните мрежи го изразува своето пријателство со Салах, а последниот напис на неговиот профил Instagram потврди зошто Египќанецот слови за еден од играчите на Ливерпул со кого сите во клубот имаат одлични односи.

“Среќна Нова Година, Брате”, порака е што Салах му ја испратил веднаш по полноќ на Ловрен.

“Ти благодарам, брат. Ти посакувам се најдобро во новата година, здравје и љубов”, одговорил Лорен.

На одговорот на Ловрен уследило и прашањето од Салах, ама како хумористична порака.

“И тебе, брате. Кога е тренингот утре, брат?” Новогодишната честитка ти ја испратив само колку да знаеш во колку часот е тренингот. Дали е во 15:30 часот? ” прашал Сахал, на што Ловрен се насмеал емотивно.

Ловрен ова преписка со Салах ја поставил на својот Инстаграм профил со опис: ” Имате ли ваков пријател? Ако е така, означете го.”