Дивите коњи – симбол на слободата и украс на Ерџијес

0
173

ЕРГУН ХАКТАНИЈАН – Стадото со дивите коњи на планината Ерџијес станува сѐ попопуларна туристичка атракција во Турција, особено за професионалните, но и за аматерските фотографи, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за стада од неколку стотини диви коњи кои долго време живеат во ненаселените делови на планината.

Познато е дека жителите на овој крај, во минатото, по завршувањето на есенските работи ги пуштаа коњите на планина на која ја преживуваа зимата и самите наоѓаа храна.

Претпоставка е дека така настанале стада со диви коњи.

Убавината на коњскиот галоп на планината прекриена со снег го одзема здивот на посетителие, а за фотографите се организираат и посебни посети.

Фотографот и организаторот на сафарито на Ерџијес, Нури Чорбаџиоглу, во изјава за АА истакна дека дивите коњи се симбол на слободата.

„Во изминатите две години бележиме сѐ поголем број посети на фотографи од целиот свет. Ретко каде на друго место се нудат вакви глетки од блескаво чиста планина на која на снег има стадо од 300 прекрасни диви коњи“, рече Чорбаџиоглу.

Извор:faktor/AA