Во фламанскиот регион во Белгија, започна примената на забраната за колење на животни според исламските прописи, халал начин, јави агенцијата Анадолу (АА).
Одлуката за забрана за колење на животни без претходно успивање усвоена беше минатата година, а од денес се применува и за мал добиток.
Ослуката, заради недоволната техничка инфраструктура, нема да може да се применува на крупниот добиток. Кога ќе се исполнат потребните услови, колењето на големиот добиток ќе биде забрането доколку овие животни ако претходно не се успиени.
Минатата година се интензивираа разлики во мислењето кога станува збор за колење на животните според халал регулативите. Комисијата за животна средина на Парламентот на Валонија, во која живее мнозинството од жителите со француското говорно подрачје, усвои нацрт-закон за забрана за вакви убиства од животни.
Слична одлука наскоро беше усвоена од страна на Парламентот на Фламанскиот регион.
Забраната треба да започне во Валонија од 1 септември 2019 година.
Одлуката предизвика незадоволство кај муслиманските и еврејските заедници во земјата, бидејќи колењето на животните според верувањата во исламот и јудаизмот треба да се направи според посебни правила со цел да се биде халал или кошер.









