ШВЕДСКА: Вооружен напад на џамија, полицијата пронашла неколку зрна од куршуми

0
242

Џамија во шведскиот град Малмо била цел на вооружен напад во кој на објектот е причинета материјалната штета пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Како потврдува државната телевизија СВТ, на џамијата Махмуд извршен е вооружен напад во кој немало жртви.

Ана Горансо, портпаролка на шведската полиција, изјавила дека во нападот биле искршени стаклата на три прозорци на џамијата, додавајќи дека е покрената и истрага за обидот за убиство.

Кареем Лоне, претставник на џамијата, изјавил дека жителите кои живеат во близина на џамијата мислеле дека станува збор за огномет, а не за истрели од огнено оружје.
“Забележавме дека прозорците се искршени и ја повикавме полицијата. Полицијата пронајде неколку зрна куршуми на местото на настанот “, рече Лоне.

Тој, исто така, нагласи дека мотивот на напаѓачот сè уште не е познат.

Џамијата Махмуд во Малме беше официјално отворена во мај 2016 година.

Извор:РСА