ЕРДОГАН: Ги згазивме и ќе ги газиме сите терористички организации кои се втурнати на нас

0
205

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денес изјави дека Турција ги уништи и уништува сите терористички организации кои и излегуваат на патот на изградбата на мирот и просперитетот.

Ankara Aday Tanıtım Toplantısı

Gepostet von Recep Tayyip Erdoğan am Dienstag, 1. Januar 2019

 

Ердоган во програмата за претставување на кандидатите на Партијата за правда и развој (АК Парти) за позицијата градоначалник Анкара, изјави дека заедно со младите ќе изградат уште понапредна Турција.

– Нашата цел за иднината е да го зголемиме квалитетот на образованието и оформиме и образовен и развоен систем кој ќе ги пополни срцата на нашите деца “, истакнал Ердоган.

Тој зборувал за успесите на АК партијата во спортскиот сектор, потсетувајќи дека е завршена изградбата на 16 од 37-те стадиони во 34 градови и дека се во тек процеси во изградба, проектирање и тендерска процедура и за други.

Тој, исто така, зборувал и за здравството, истакнувајќи дека таа е една од областите во која во Турција се извршени најголемите реформи и тоа токму во здравството. Тој потсети дека бројот на легла во болниците се зголеми на 240.000, медицинскиот персонал 762.000 односнои 1.025.000, вклучувајќи го и приватниот сектор.

Тој додаде дека здравствените институции добија најсовремена опрема, што го зголеми квалитетот на здравствените услуги.

– Осум градски болници во Језгат, Испарта, Мерсин, Адана, Кајсери, Маниса, Елазиг и Ескишехир нудат услуги. Наскоро ќе отвориме и градска болница во Билкент во Анкара. Градската болница во Анкара има капацитет од 3.300 лица
кревети. Отвараме таква една огромна болница. Тоа го може само АК партијата, ако тоа некој го направи, тогаш тоа е само АК партијата – рекол Ердоган.

Тој, исто така, се осврнал на судскиот систем, истакнувајќи дека станува збор за институции на кои пучистите им нанеле најголема штета.

– Реализиравме многу реформи за да ја зголемиме доверба на нашиот народ во правниот систем и на нашите граѓани да им се обезбеди најдобар систем – изјавил Ердоган.

Тој потсетил дека бројот на вработени во правосудните институции е зголемен со модернизацијата на мрежите забрзан е процесот на завршување на предметите.

Тој, исто така, зборувал за безбедноста, додавајќи дека тоа е еден од главните приоритети.

Тој истакнал дека е најуспешната борба на Турција против терористичките организации, криминални групи, шверцери со дрога и сите оние кои ја нарушуваат безбедноста постигната е токму за време на мандатот на АКП.

– Нашииот народ навистина живеат во мир. Ги згазивме и ќе ги газиме сите организации кои мрачните сили ги создадоа, зајакнаа и и не туркаа кон дното, вклучувајќи ги ПКК, PYD, ISIS и FETO. Не им даваме мир ниту на групите на организиран криминал -порачал Ердоган.

Претседателот на Република Турција, Ердоган, зборуваше за постигнувањата во секторите за комуникација и инфраструктура. Во таа прилика тој се сврнал кон бројни мегапроекти, вклучувајќи ги патиштата, железниците, аеродромите …

Според него, брзи возови ја поврзуваат Анкара, Истанбул, Коња и Ескишехир, а во следните неколку години се планираат слични проекти во Бурса, Јозгат, Сивас, Ерзинчан, Караман, Кајсери, Мерсин, Османи и Газиантеп.

Тој, исто така, потсетил дека бројот на аеродроми се зголеми на 56, а работи се во тек на аеродромите во Гумушане, Бајбурту, Јозгат, Токат, Ризе, Артвин …

Ердоган исто така укажал на фактот на зголемениот број на карго авиони и нови дестинации кои ја поврзуваат Турција со други земји.

Исто така, зголемен е и капацитетот на карго пристаништа и слични на тоа.