Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод Новата година, упати честитка до народот на Турција и остатокот од светот, и порача дека во изминатиот период Турција ѝ стави крај на ерата пучеви и кризи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со воведувањето и имплементацијата на претседателскиот систем на управување, Турција зад себе ги остави ерите на кризи и пучеви. Започнавме нова ера на ефикасно јакнеење на нашата демократија, економија и на државните институции“, порача Ердоган.
Турскиот претседател во новогодишната порака наведе дека Турција стои на страната на мирот, толеранцијата и изградбата на стабилноста и правдата во светот, и посака мир и стабилност во 2019 година за целото човештво.
„Во тој контекст, Турција ги брани правдата и правата на Ерусалим, Дамаск, Багдад, Каиро, Триполи, Сараево, Крим“, порача Ердоган.
„Турција не е одговорна за инцидентите во нашиот регион, ниту ќе биде нивна жртва“, додаде тој.











