Властите на Австралија го повикаа населението безпотребно да не излегува надвор

0
220

Екстремно топлотниот бран предизвикува проблеми за Австралија, бидејќи живата на термометарот се искачи речиси на 50 целзиусови степени.

Се очекува дека екстремната топлина со температури над 49 степени ќе се одржува до влегувањето во новата година. Во јужниот дел на континентот, во моментов е до 16 Целзиусови степени потопло од вообичаеното.

Рекордна температура се мери во јужните делови на четирите држави и на северната територија.

Најтобло било во гратчето Марбле Бар во државата Западна Австралија, каде што температурата во четвртокот достигна 49,3 степени Целзиусови. Во градовите како Сиднеј температурите беа околу 40 степени.

Илјадници луѓе ги избираа плажите за ладење. Здравствените власти предупредија на високи концентрации на озон во воздухот и го повикаа населението да не излегува на екстремна жештина. Во целата земја вклучен е алармот за тревога заради опасност од пожари.

Високите температури, суши и пожари не се ништо необично во текот на летото во Австралија. Меѓутоа, климатските промени уште повеќе го зголемуваат бројот на екстремно топли денови и жестоки пожари на континентот.

Меѓутоа, на 2 јануари 1960 година, термометарот на аеродромот Оонаддата во јужна Австралија покажа 50,7 степени пред да стане тековната тема на глобалното затоплување.