ОФИЦИЈАЛНО: Абу Даби најбезбеден град на светот, Дубаи на 11-та позиција

0
346

Втора година по ред, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е прогласен за најбезбеден град во светот. Во анкетата спроведена од редакцијата на порталот Numbeo, меѓу 338 градови со најмала стапка на криминал во светот, Дубаи беше рангиран на 11-та позиција.

“Кога ќе избирате град кој ќе го посетете како турист или како град во кој ќе ја живеете својата безбедност сигурно е најважното нешто – вели Саиф Саид Гобаш од Одделот за култура и туризам на Абу Даби. – Горди сме што Абу Даби се наоѓа на врвот на листата на најбезбедни градови на планетата втора година по ред. Одличниот углед на нашиот главен град кој потврдува дека ги следиме највисоките меѓународни стандарди за безбедност е доказ дека се бориме против криминалот на вистински начин и дека сме успешни во тоа. Се надеваме дека ова ќе биде дополнителен поттик за туристите да го посетат Абу Даби и, како жителите на Абу Даби, да уживаат во гостопримството што го нуди нашиот град-емират.

Останатите девет најбезбедни градови се Доха, Базел, Сингапур, Квебек, Осака, Токио, Берн, Минхен и Цирих.


Истражувањето покажа дека безбедносниот индекс на Обединетите Арапски Емирати е зголемен во однос на минатата година; во првата половина од 2017 година тоа беше 86,46 поени, додека во првите шест месеци од 2018 година имаше скок и сега е 88,26.