Во текот на протестите на “Жолтите елеци“ во Холандија приведени пет лица

0
197

Пет лица беа уапсени за време на протестот на “жолтите елеци” во Холандија.

Демонстрантите се собрале пред зградата на холандскиот парламент. Околу 200 шетале околу центарот на градот.

Меѓу собраните беа претежно десничарски групи, па заради тоа дошло до тензии меѓу полицијата и демонстрантите.

Полицијата уапсила пет лица за навреда, огномет и непочитување на предупредувања.

Градоначалничката на Хаг, Полин Крике, претходно изјавила дека од безбедносни причини откажан е протестот на “жолтите елеци”.

Демонстрантите се собраат веќе пет недели, а најавија протест и за 13. Јануари во Утрехт.

Извор:faktor