Израелските сили во текот на 2018 година уапсија 6.489 Палестинци во појасот Газа и на Западниот брег, објави Комисијата за затвореници и поранешни затвореници на Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО), објави Агенцијата Анадолу (АА).
Меѓу уапсените во 2018 година, има 1.063 малолетни лица и 140 жени, стои во соопштението објавено од комисијата во саботата. Се известува дека израелските сили уапсиле шест палестински пратеници и 38 новинари во 2018 година.
Според комисијата на ПЛО, во 2018 година, израелските власти издале 988 административни наредби за притвор.
Комисијата забележува дека околу 6.000 Палестинци остануваат во израелски затвори.
Проценките велат дека огромното мнозинство Палестинци се уапсени оваа година на Западниот Брег, додека само пет отсто се од појасот Газа.
Израелските сили често спроведуваат големи кампањи за апсење низ Западниот брег и појасот Газа, кој Израел го држи под окупацијата, под изговор дека бараат Палестинци од налози.










