Во Москва утрово започна состанокот на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерот за одбрана, Хулуси Акар со руските колеги Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу. Главна тема на средбата се случувањата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу, зборувајќи за борбата против тероризмот, истакна „Имаме заедничка волја околу расчистувањето на сите терористички организации од територијата на Сирија.“
Околу соработката со Русија и Иран, шефот на турската диломатија рече „Ќе продолжиме со нашата блиска соработка со Русија и Ирак околу прашањата за Сирија и регионот.“
Чавушоглу ги спомена и средбите во Астана, наведувајќи „Ние, како гаранти од Астана, се залагаме за територијалниот интегритет на Сирија, за политичко единство во Сирија и сме против сите напори кои се во спротивност со тоа.“










