Младиот муслимански Хаидер Али Чао и христијанката Мишел Себастијан се горди на својата божиќна песна. Двајцата доаѓаат од Пакистан и се запознале во Карачи каде живеат и двајцата.
“Иако сме членови на различни религии, ние никогаш не сме имале чувство дека сме различни”, младите музичари објасниле зошто со својата песна гиповрзуваат двете култури.
“Ако веруваме во Бога, веруваме во светот, веруваме во мир и љубов, веруваме во човештвото: Еден Бог, еден Свет”, велат во нивната песна објавена во Пакистан во време на Божиќ, земја често оптоварена со верски конфликти.
“Ниту една религија не учи на омраза, а и Светиот Кур`ан и Библијата нè учат да бидеме праведни, да се сакаме и никого фа не повредуваме, тоа е пораката која сакаме да ја пренсеме со нашата песна”. објаснува Хајдер Али Чао за mangobaaz.com.
Песната започнува со текстот на “La ilaha illallah”, подоцна преку поза се сменуваат неколку божиќни класици, и сите се зачинети со пријатни звуци на поп музиката.
Извор:radiosarajevo.ba









