Најмалку седуммина малолетници смртно настрадале во пожар кој зафати куќа во сиромашно соседство во главниот град на Мексико, Мексико Сити, пренесе Агенцијата Анадолу (АА).

Од обвинителството на Мексико, било објавено дека пожарот ја зафатил дрвената куќа во квартот Изтапалапа.Во пожарот смртно настрадаа седум деца, меѓу кои пет се деца помлади од 10 години.

Обвинителството тврди дека постојат претпоставки дека настраданите деца биле без родителска контрола кога избувнал пожарот, и дека родителите биле на работа.

Исто така, се тврди дека најверојатна причина за пожарот е врата која била запалена во близина на куќата.

Извор:fakor