МИТ со успешна акција од Азербејџан го донесе припадникот на ФЕТО, Мехмет Гелен

0
88

Турската разузнавачка служба (МИТ) изведе операција против терористичката организација ФЕТО во Азербејџан и во Турција го донесе Мехмет Гелен, учител и припадник на ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите до кои дојде новинарот на AA, МИТ продолжи со операциите против припадниците на ФЕТО, во чии рамки во Азербејџан е следен Мехмет Гелен, припадник на ФЕТО, по кого претходно е распишана потерница.

По обидот за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во Азербејџан се запрени активностите на ФЕТО. Мехмет Гелен, кој бил учител во училиштата на ФЕТО во оваа земја, најпрвин е фатен за време на обидот со лажен пасош да влезе во Белорусија.

Потоа е вратен во Азербејџан каде што е фатен во успешна операција на припадниците на Турската разузнавачка служба.

Под обвинение за „кривично дело членство во вооружена терористичка организација“, Гелен од Азербејџан е донесен во Турција.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Соединетите Американски Држави, одговорни се за неуспешниот воен удар на 15 јули 2016 година во Турција, кога загинаа 251 лице, а околу 2.200 лица беа повредени.