Пријатно изненадување од претседателот Ердоган за студентите кои наеднаш го забележаа пред себе

0
382

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им приреди пријатно изненадување на студентите кои синоќа учествуваа на приредената програма во претседателската палата во Бештепе во Анкара, по повод одбележувањето на 82-годишнината од смртта на авторот на турската национална химна националниот поет Мехмет Акиф Ерсој, а што се одржа во организација на Министерството за младина и спорт.

Учениците кои по приредената програма се подготвуваа да се качат во своите сервис-возила беа зачудени и пријатно изненадени откако наеднаш пред себе го видоа претседателот Ердоган кој слезе од своето службено возило.

erdogan ögrencilerle.jpg

Ердоган извесно време разговараше и се сликаше со учениците.

Учениците веднаш се собраа околу пртеседателот Ердоган од кои некои со своите мобилни телефони сликаа и селфи со него.

На лицата на студентите можеше да се прочита радоста од ова за нив пријатно изненадување.

Фотографиите од оваа изненадна средба на претседателот Ердоган со студентите, од страна на шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун беа споделени на социјалната мрежа.

Студентите за време на кусиот разговор со претседателот Ердоган го поканија да го посети нивниот студентски дом.

Претседателот Ердоган одговори позитивно на оваа нивна покана.

Извор:ТРТ