Колумбиецот не беше задоволен од односот на тренерот Нико Ковач кон него, па затоа решил да се врати во Реал, каде што кралевите ќе одлучат за неговата иднина.
Сепак, спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ најде ново решение за позицијата на офанзивниот играч од средниот ред. Баварците покажаа интерес за 22-годишниот Пабло Форналс од Виљареал и наводно ќе се обидат да го донесат следното лето.
Форналс во договорот има клаузула од 26 милиони евра за заминување. Баерн е подготвен да ја активира, а младиот Шпанец многу лесно може да ја заврши дресот на Баварскиот великан.
Овој 22-годишен фудбалер ова сезона беше многу добар во дресот на Жолтата подморница. Тој одигра вкупно 24 натпревари, постигна три гола и три асистенции.
Претходно, Форналс го носеше дресот на Малага за која дебитираше во 2015 година.










