Прво на Балканот: Во Сараево отворено представништво на Црвената Полумесечина на Турција

by Administrator

Во присуство на претседателот на турската Црвена полумесечина и потпретседателот Меѓународна федерација на Црвениот крст и Црвена полумесечина (ИФРЦ) за европскиот регион Керем Киник, одговарајќи на прашање на новинар, истакнал дека денес во Сараево е отворено 12-то претставништво на Црвената полумесечина на Турција во целиот свет, јави агенцијата Анадолу (АА).

Воедно ова е и наше второ представништво во регионот на Балканот, претходно представништво отворивме во Софија. БиХ и Сараево секогаш ни беа блиски. Црвената полумесечина долго време беше присутна во текот на природните катастрофи, војни посебно после распаѓањето на Југославија, секогаш бевме тука и им помагавме на жителите на БиХ- изјавил Киник, нагласувајќи дека Црвената полумесечина на Турција овој пат и` пружи поддршка на БиХ во врска проблемот со бегалската криза.

Тимовите на Црвената полумесечина од Турција во средината на ноември оваа година активно се вклучија во акција за подобрување на условите во кои живеат мигрантите на територијата на Босна и Херцеговина. Во координација со Црвениот крст на БиХ, во приемниот центар за миграција во поранешната фабрика за расхалдни уреди БИРА во Бихаќ каде се сместени 2.300 лица.

Црвената полумесечина на Турција беше многу активна во изминатиот период на територијата на БиХ и другите балкански земји, ама немаше свое представништво во оваа земја. Но, денешната свеченост и сечењето на лентата доби и свое представништво , која, според претставниците на оваа организација значи уште поактивна акција во БиХ.

Извор:faktor

–

You may also like