САМИТ: Путин, Ердоган и Рохани на почетокот на 2019 година

0
260

Разговорите за Сирија на претседателите на Русија, Иран и Турција се планирани за почетокот на 2019 година, изјави висок официјален претставник на Русија.

“Ред е на нас да бидеме домаќини на самитот на трите земји на гаранти, со турскиот и иранскиот претседател. Се планира средбата да се одржи во првата недела од годината. Тоа ќе зависи од распоредот на претседателот “, изјавич рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Богданов.

Самитот се одржува во рамките на мировниот процес од Астана, кој од јануари 2017 година ги собира претставници на владата на Сирија и на опозицијата, но без учество на САД. Меѓу спонзорите на овој процес, Русија и Иран ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал-Асад, додека Турција ги поддржува бунтовниците.

Процесот од Астана постепено ги потисна во втор план преговорите под покровителство на ОН .

Претходниот самит на Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани се одржа во Иран во септември и се занимаваше со прашањето на сириската бунтовничка провинција Идлиб.

Турската делегација, која ќе го вклучи министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за одбрана Хулуси Акар, ќе пристигнат во Москва утре за разговори за Сирија во контекст на повлекувањето на САД кое го најави претседателот Доналд Трамп.

Извор:cdm