СИРИЈА МУ ПИША НА ОН: “Нападот на Дамаск доказ e за подршката на САД на Израел“

0
267

Сириското Министерство за надворешни работи испрати писмо до ОН во кое се наведува дека израелскиот ракетен напад врз Дамаск и неговите предградија е доказ за бескрајната поддршка на Вашингтон на Тел Авив.

Во соопштението се вели дека Израел сака да го продолжи сирискиот конфликт и да го зајакне моралот на терористичките групи кои се бореа против владата на Башар ал Асад.

Дамаск ги повика ОН да преземат чекори против Израел за да спречат такви инциденти во иднина. Израелските авиони минатата ноќ застрелаа цели во Сирија, а повеќето проектили беа пресретнати од страна на сириските воздухопловни сили.

Русија ова го оцени како провокација, објави Би-Би-Си.

Според истиот извор, погфоден бил воениот склад во градот Катифа, околу 40 километри североисточно од Дамаск, и дека тројца војници биле ранети. Вашингтон објави дека цели на нападот биле позиции на либанско движење за отпор.