НЕВРЕМЕ ВО САД: Заради снежна бура откажани голем број на летови

0
203

Снежна бура во САД предизвика откажување и одложување на повеќе летови, пренесе Ројтерс.

Заради невремето проследено со ветер во некои држави се очекува да создаде снежна покривка до 25 сантиметри, а во други силен дожд, објави Националната метеоролошка служба на САД (NWS).

Делови од Среден Запад и Југоисток од САД веќе се погодени од поројни дождови и снег, и овој бран се очекува да се прошири до централниот дел на земјата за време на викендот.

Во Среден Запад, предупредување за снежна бура и можни снежни врнежи веќе се во сила во делови од Канзас, Небраска, Северна Дакота, Јужна Дакота и Минесота, велат од NWS, предупредувајќи дека патувањето во овој период не се препорачува.

Невремето што започна доцна во средата предизвика доцнење на повеќе од 2.300 летови и околу 509 откажувања во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, објави агенцијата.

Гувернерот на Канзас, Џеф Колер, прогласи вонредна состојба во земјата поради сериозна бура.

Во својата изјава, тој изрази надеж дека граѓаните ќе дејствуваат мудро и одговорно и дека ќе се воздржат од непотребно патување за време на траењето на овие катастрофи.

Извор:cdm