Присутноста на француската Војска во Сирија

0
177

Откако Соединетите Американски Држави (САД) најавија и започнаа со подготовки за повлекување на војниците од територијата на Сирија, Франција тогаш истакна дека ќе продолжи да пружа поддршка на терористичката организација ЈПП/ПКК. Франција на подрачјето на Сирија има околу 200 војници и на најголем дел од воените точки ги користи капацитетите на САД, пишува Anadolu Agency (AA).

Ветувањето на Франција дека ќе продолжи да пружа поддршка на терористичката организација, по објавувањето на американскиот претседател Трамп дека американските војници се повлекуваат од Сирија, стана надеж за веќе испаничените терористи на ЈПГ/ПКК.

Сепак, според информациите од терен што ги доби новинарот на АА, Франција под моменталните услови не е во состојба да пружи таква поддршка.

Во регионот источно од Еуфрат, кој е под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК, моментално се наоѓаат 200 француски војници.

Француските сили дејствуваат на вкупно девет воени точки, а станува збор за артилериски батерии, технички персонал и опрема и специјални сили.

Освен тоа, Франција ги затвора очите пред фактот дека во редовите на ЈПГ/ПКК се наоѓаат голем број странски борци. Според некои проценки, во редовите на ЈПГ/ПКК се борат речиси 50 француски државјани.

Француските единици на терен воено дејствуваат во координација со терористите на ЈПГ/ПКК, а значајна улога со артилериски напади имаа при заземањето на ЈПГ/ПКК на местото Хеџин, кое беше последно упориште на терористите на ДЕАШ во подрачјето на сирискиот Деир ез Зор.

Француските сили, кои под изговор на коалициските сили против ДЕАШ, ѝ пружаат поддршка на ЈПГ/ПКК, се наоѓаат во базите во областите јужно од градот Кобани, брдото Мистанур, регионите Сирин, Ајн Иси, Хараб Ишк и фабриката за цемент „Lafarge“, во базата во Рака, нафтеното поле Кабиба, аеродромот „Табка“ и регионот Саџу во Мунбич.

По одлуката на САД за повлекување од Сирија, Франција, чија војска е исто така присутна во Сирија, смета дека ДЕАШ во оваа земја сè уште не е поразен во потполност.

Француската министерка за европски прашања, Натали Лоазо, изјави дека нејзината земја засега ќе остане во Сирија.

„Не смееме да заборавиме дека ѝ должиме на ЈПГ/ПКК“, изјави минатата недела и францускиот претседател, Емануел Макрон.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, вчера нагласи дека Турција јасно дала до знаење дека процесот на повлекување на американската Војска од Сирија не смее да биде од корист за сепаратистичките стремежи на терористичката организација ПЈД/ЈПГ, односно сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.

Слободната сириска војска (ССВ) најави одлучна борба за неутрализација на ЈПГ/ПКК во Сирија, и изрази огорченост од ставот на властите на Франција, кои најавија продолжување на поддршката за таа терористичка организација.