Лидерот на палестинското движење Хамас Исмаил Ханије, остро ги осуди неодамнешните критики од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упатени кон Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Нетанјаху ја критикуваше Турција за својата политика во Северен Кипар и за нејзината борба против терористичката организација ПКК, а претседателот на Политичкото биро на Хамас Ханије за АА изјавил дека Нетанјаху нема право или основа за такви критики.
Тој тврди дека оваа критика е последица на паниката и стравот бидејќи Нетанјаху е обвинет за корупција во Израел и заради успешен отпор на палестинскиот народ.
“Нетанјаху, убиецот на деца кој спроведува тероризам и злосторства во Палестина, нема право да го дига гласот на Ердоган, кој е заштитник на обесправените и беспомошните народи во светот”, итакнал Ханије.











